САД ја подржуваат Македонија за членство во НАТО

14.11.2013 14:46

Македонија и САД имаат долгогодишно стратегиско партнерство во одбраната

Се што правиме заедно е со цел што поскоро Македонија да биде дел од алијансата,изјави заменик на помошникот американски секретар за одбрана,Евелин Фаркаш по средбата со министерот Талат Џафери,кој потенцира дека Македонија останува партнер во мировните мисии.Џафери најави заедничко учество со гардата од Вермонт во мисија во Сенегал.