Столтенберг: Успешно повлекувањето од Авганистан
НАТО ќе го продолжи цивилното дипломатско присуство во Кабул, за да ја советува и поддржува обуката на авганистанските безбедносни служби.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека повлекувањето на силите на НАТО од Авганистан се одвива успешно, на уреден и координиран начин. Тој додаде дека НАТО ќе го продолжи цивилното дипломатско присуство во Кабул, за да ја советува и поддржува обуката на авганистанските безбедносни служби.
НАТО ја презеде безбедноста во Авганистан во 2003 година, две години откако коалицијата предводена од САД ги собори Талибанците бидејќи даваа засолниште на поранешниот лидер на Ал Каеда, Осама Бин Ладен.
Останаа помалку од 9.000 странски војници, вклучително и 3.500 американски кои треба да заминат до 11-ти септември.
