Полициска акција

Разбиена група која криумчарела мигранти, уапсени шест лица

02.06.2021 09:39

Во полициската акција која се спроведува во неколку градови, уапсени се најмалку шест лица- велат извори од истрагата.

Разбиена организирана група која криумчарела мигранти. Во полициската акција која се спроведува во неколку градови, уапсени се најмалку шест лица- велат извори од истрагата.

Акцијата за разбивање на група на криумчари на мигранти се спроведува во Скопје, Штип, Велес, и Валандово. Кај криумчарите е пронајдена и дрога.

Од МВР потврдуваат дека во тек е акција, но детали најавуваат по нејзиното завршување.