Стопанството се подготвува за поинтензивен извоз
Прилепското стопанство, според регионалната комора жилаво и без големи падови ја помина пандемиската година. Неопходно е зголемување на извозот за што државата иницира заедничко претставување на светските саеми. Новото време носи преструктуирања, нови трендови, а овие простори може да играат голема улога во понудата на работна сила...

Државата ги анимира компаниите за интензивно претставување на светскиот пазар. Има закупено 400 метри квадратни простор за октомврискиот саем во Дубаи. Прилепската регионална стопанска комора ги почна активностите, зашто 70 насто од поголемите компании се извозно ориентирани, посебно мермерската, тутунската, прехранбената и дел од текстилната индустрија. Од комората сметаат дека пандемиската година помина без големи падови.
Предизвците донесоа потреба од преструктуирања, нови трендови, но и зголемени цени на берзанските суровини. Нашето опкружување може да игра голема улога со понудата на работната сила, откако транспорот со истокот, особено со Кина, се зголеми за дури 400 проценти.
Приоритет за прилепските бизнисмени останува инфраструктурата без која нема ниту стабилизирање, ниту пак развој на стопанството.
Елизабета Митреска
