Состојбата со Ковид-19 во тетовско се стабилизира
По неколку заразени пациенти, еден починат за една недела во тетовскиот регион. Граѓаните здивнаа од вурусот од кој старадаа и помлади пациенти без никакви коморбидитети. И на мал број заразени имавше многу починати. Германска студија оценува дека поленот во комбинација со Ковид- 19 резултурал со тешка клиничка слика изминативе месеци...

Состојбата со вирусот во тетовско се смирува. Прогнозите се дека и понатаму ќе имаме стабилна состојба, со оглед на намалените бројки на амбулантски прегледи.
Ситуацијата со вирусот во тетовско беше застрашувачка, оценува координаторот на Ковид- центарот, д-р Гзим Нуредини. Секој вирус си има свој пик, но изминатава пролет имавме случаи кај здрави пациенти, за само неколку дена да се појават тешки симптоми, а некои од нив завршуваа фатално.
Студијата од техничкиот факултет во Минхен, еден од најпрестижните во светот, ги има дел од објаснувањата за силината на вирусот изминатиов период. Испитувањата во 31 земја на 131 мерно место, покажале дека вирусот во комбинација со поленот, резултура со многу тешка клиничка слика кај пациентите.
Давидовски и Нуредини, се надеваат дека месеците со голем број заразени и починати лица нема да се повторат. Очекуваат мирно лето и есен, но сепак се зависи од дисциплината на граѓаните, како и од процесот на имунизација.
Зоран Димовски
