Македонија

Сексулните работници бараат унапредување на правата

02.06.2021 15:01

Се одбележува меѓународниот ден за унапредување на правата на сексуалните работници. Невладините велат, секс- индустријата е подеднаква економска гранка како и сите останати. Сексуалните работници бараат заштита на здравјето при работа и социјални права...

Унапредување на правата и признавање на нивната работа како професија, бараат сексуалните работнички. Велат, се плашат да проговорат за насилството и деградацијата со кои живеат под притисок на личните убедувања на здравствените, социјалните и полициските службеници.

Според податоците на ХОПС, во земјава има околу 200 сексуални работници но, од таму велат дека бројката варира и затоа е потребна декриминализација, со што ќе се овозможи почитување на човековите права.

Од Владата со став дека во тек е процес на разговори за измените на Кривичниот законик, во кој меѓу другите чинители е вклучен и невладиниот сектор.

Според невладините, од сексуалната работа корист има целото општетство, ќе придонесе за намалување на родово засновано насилство, превенција од сиромаштија и од трговија со луѓе, како и други криминални активности.

Александра Спировска