ВМРО-ДПМНЕ со трибина „4 години Заев, 4 години украден живот, доста е!“
„Четири години власт на Заев, четири години украден живот“- трибина на ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата велат дека актуелната влада реди неуспеси во секоја област...

И без пандемијата јавниот долг ќе растеше бидејќи концепцијата за развој на економија на СДСМ не се темели на создавање на вредност и умножување на богатството туку на распределба. А, со тоа власта ја зголеми сиромаштијата во државата- рече професорот Трајко Славески на трибината „Четири години Заев, четири години украден живот. Доста е!“.
Според него, срамно е во период на криза власта да зголемува даноци на граѓаните, кога многумина останаа без работа, со намалени плати или без плата. Потсетија дека власта ветуваше раст од 5% на БДП секоја година, но резултираше со просечен раст од 0,7% за четири години.
Владата предводена од СДСМ во изминативе четири години не направи ништо за подготовка за реализација на капитални инвестиции- рекоа говорниците на трибината. Сметаат дека земјоделието е уништено, а за најавената дигитализација во образованието потенцираат дека тоа е светски тренд и е потребна, но она што го нудат МОН и Царовска не е дигитализација туку само дигитални учебници.
На трибината посочено дека СДСМ не ги изгради ветените 600 километри автопат и експресни патишта, и исто така нема ни трага ниту од 550 километри магистрални и регионални патишта.
Миле Ристески
