Нови 43 случаи со Ковид-19, починати 6 лица
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.345, бројката на оздравени пациенти е 148.846, на починати е 5.429, а бројот на активни случаи изнесува 1.070.

Во последните 24 часа се направени 3.007 тестирања, а регистрирани се 43 нови случаи на Ковид-19 од: Скопје – 24, Куманово – 5, Битола и Охрид – по 3, Прилеп, Тетово и Кичево – по 2, Гевгелија и Виница – по 1.
Регистрирани се 48 оздравени пациент од: Скопје – 17, Прилеп – 6, Битола – 5, Охрид – 4, Штип, Струга и Ресен – по 3, Куманово,Тетово, Виница, Гостивар, Струмица, Кочани и Пробиштип – по 1.
Пријавени се вкупно 6 починати лица: 2 лица од Скопје (67г и 86г) и по едно лице од Битола (79г), Куманово (81г), Тетово (73г) и Велес (66г).
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.345, бројката на оздравени пациенти е 148.846, на починати е 5.429, а бројот на активни случаи изнесува 1.070.
Досега во земјата се направени вкупно 802.272 тестирања на Ковид-19.
