Матичните лекари реагираат на изречените казни од Фондот за здравство
Изминатиот месец матичните лекари добиле казни изречени од Фондот за здравство за неправилности во работењето од 2018-та и 2019-та во период кога имало мораториум на казни...

Приватните лекари реагираат на казните кои би добиле изминатиот месец, а се однесуваат на казни изречени во 2018-та и 2019-та. За ова на прес конференција реагираше претседателката д-р Лили Чолаков Дервишова. Матичните лекари реагираат на изречените казни од Фондот за здравство, затоа што биле за неправилности, кои некои претходни години, минале со опомена.
Потсетува дека се за период кога имало мораториум на казните, а докторите заради тоа и штрајкуваа. Матичните лекари биле разочарани од односот на Фондот за здравство и неговата казнена политика. Затоа како решение нудат да се воведат повеќе Фондови па така да се стопирал монополскиот однос на постојниот.
Лекарите од примарното здравство сметаат, бидејќи досега не биле прифатени со ниту еден пакет владина помош, време било каптацијата да се зголеми 90 денари по бод.
Петар Печков
