Израел: Истекува рокот за формирање на нова владина коалиција

02.06.2021 16:55

Рокот за договор истекува во 23 часот по средноевропско време. Доколку успеат, десничарот Нафтали Бенет ќе ја извршува премиерската функција во првите две години, а потоа ќе му ја предаде власта на Јаир Лапид, челникот на центристите. Во спротивно, Израел ќе се соочи со петтите избори во последните 24 месеци.

Ривалите на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го финализираат составот на коалициската влада за да го прекинат неговото 12-годишно владеење.

Рокот за договор истекува во 23 часот по средноевропско време. Доколку успеат, десничарот Нафтали Бенет ќе ја извршува премиерската функција во првите две години, а потоа ќе му ја предаде власта на Јаир Лапид, челникот на центристите. Во спротивно, Израел ќе се соочи со петтите избори во последните 24 месеци.

Во меѓувреме, Кнесетот го избра Исак Херцог за нов претседател на државата. 60-годишниот поранешен шеф на Работничката партија вети дека ќе се залага за обединување на разединетата земја.

Херцог ќе ја преземе должноста од Реувен Ривлин на 9 јули.