МОН: Исплатени се ученичките и студентските стипендии за месец јуни

03.06.2021 09:57

Исплатени се средствата за ученички и студентски стипендии за месец јуни 2021 година, соопштуваат од Министерството за образование и наука...

Исплатени се средствата за ученички и студентски стипендии за месец јуни 2021 година, соопштуваат од Министерството за образование и наука.

Сите корисници на стипендии кои ги доделува МОН за ученици од средните училишта, студенти запишани на додипломски студии на високообразовните установи во Република Северна Македонија, како и студенти запишани на некој од најдобрите светски универзитети согласно Шангајската ранг листа, на своите трансакциски сметки ја добија јунската стипендија.

Оваа практика на редовна месечна исплата на средствата за ученички и студентски стипендии која беше воспоставена на почетокот на 2021 година, ќе продолжи да се реализира и во следниот период, како мотив и поддршка на учениците и студентите во процесот на нивната едукација.