Локални избори во Франција

23.03.2014 15:29

45 милиони избирачи во Франција денес гласаа во првиот круг од локалните избори.Тие треба да изберат 36 000 општински совети со мандат од шест години. Изборот е богат бидејќи на кандидатските листи има вкупно 926 068 кандидати или 21 186 листи во општините со над 1000 жители.

Инаку, Општинските избори се избори кои заедно со претседателските најмногу ги мобилизираат французите,ова најмногу поради локалните влогови. МТВ ги следи изборите во Нанси, каде градоначалникот ја препушта власта по триесте години мандат.

Во околу педесетина средни и големи француски градови можни се промени во владеачкото мнозинство. Но општо земено умерената десница е таа која ќе треба да добие повеќе гласови. Така Стразбур можно е да премине повторно во рацете на десницата, додека соседниот Нанси е исклучок.

По триесет и една години поминати во градоначалничката фотелја, 74 годишниот Андре Росино одлучи да се откажи од градоначалничката функција.

Неговиот наследник е познат од пред 15 години - Лоран Хенар, на времето најмлад министер во владата на Жак Ширак.

„Росино направи нешта кога беше способен да ги сака и организира целосно“ – вели Лоран Хенар кандидат на центарот на десницата.

Но сепак Хенар и Росино постигнаа договор, првиот ако биде избран ќе биде градоначалник, додека вториот би бил претседтел на меѓуопштинскиот совет на општините околу Нанси.

„Сакам да оваа транзиција, крајно пријатно биде успешна и пртетсавува пример на национално ниво“ - објаснува Андре Росино.

„Знаете дека буџетот на заедницата на општините има буџет шест до седум пати поголем од тој на Нанси. Значи власта е многу повеќе во заедницата на општините отколку во градот“ – вели Етиен Црики - политолог – Универзитет Лорен

 Градската опозиција, не го негира позитивниот биланс на екипата на Росино, пред се видлив со реновацијата на најубавиот плоштад во Франција.

„Мислам дека луѓето не сакаат мандати кои се пренесуваат, луѓето сакаат демократија сакат да избираат, а не да им се наметнува избор.“-вели Матјо Клајн кандидат на социјалистите

Во рацете на десницата од Втората светска војна, Нанси, наспроти сите општата тенденција во Франција може да премине во рацете на левицата.

Тони Гламчевски за МТВ