ФБИ: Руска хакерска група ја нападна „ЈБС“
Кибернетичкиот напад кој се случи за време на викендот попречи дел од операциите на „Џеј-Би-Ес“ во САД, Канада и Австралија. Компанијата не потври дали им исплатила откуп на хакерите.

ФБИ тврди дека руската хакерска група „Ривл“ е виновна за инцидентот со најголемата компанија за преработка на месо. Кибернетичкиот напад кој се случи за време на викендот попречи дел од операциите на „Џеј-Би-Ес“ во САД, Канада и Австралија. Компанијата не потври дали им исплатила откуп на хакерите.
„Првин тргнаа по нафтата, а сега и по виршлите. Никој не е исклучен од играта. Секој директор уште денеска треба да ги собере тимовите за кибернетичка безбедност за да направат план“, изјави Кристофер Кребс, поранешен директор на ЦИА.
Белата куќа соопшти дека претседателот Џо Бајден ќе го покрене ова прашање на средбата со неговиот руски колега Владимир Путин закажана за две недели во Женева.
