УЈП

Речиси 2.300 компании треба да ја вратат финансиската помош

03.06.2021 12:39

Речиси 2.300 компании треба да ја вратат финансиската поддршка од државата. Не исплатиле плати на своите вработени. Над 12 милиони денари државна помош се злоупотребени од страна на фирмите во февруари и март- велат од Управата за јавни приходи...

Над 12 милиони денари државна помош се злоупотребени од страна фирмите во февруари и март. Не се исплатени 753 месечни плати. До 31-ви мај, 181 работовач не ги префрлил парите на вработените. Од нив 24 не исплатиле ниту за двата месеца. Најголем дел од фирмите се од Скопје, Тетово и Битола. Опомените се доставени. По истекот на рокот следува казна од 500 до 10 илади евра во зависност од големината на правното лице, велат од Управата за јавни приходи.

Присилна наплата е спроведена и за оние кои лани не ја исполниле обврската. Сѐ уште има 365 неисплатени вработени, за сума од 5 милиони денари.

2.286 претпријатија кои лани добиле поддршка за исплаќање плати на вработените, им се доставени решенија за враќање на парите. 1.558 не треба да ја вратат финансиската помош.

Сунчица Николоска