Во Крушево се развива планинскиот велосипедизам
Крушево има огромни потенцијали за планински велосипедизам. Швајцарската амбасада и нивните експерти констатираа дека можностите се огромни. Првите планински велосипедски патеки стигнуваат до крајот на август. Тоа ја збогатува понудата во Крушево за алтернативниот туризам, заедно со параглајдерството...

Освен параглајдерство, Крушево нуди атрактивност и во планинскиот велосипедизам. Швајцарски експерти го препорачаа туристичко и историско Крушево за домашните и странските туристи.
Потврдата доаѓа и од светските спортисти. До крајот на август во понудата за посета на Крушево, освен светското првенство во змејарство и меѓународните параглајдерски натпревари, ќе стигнат и патеките за планински велосипедизам.
Проектот е со поддршка на Швајцарската амбасада. Нивните експерти ќе го изготват мастер-планот и ќе бидат супервизори во изградбата на патекикте. Најбитна е безбедноста на туристите.
Крушево ќе го понуди и најголемиот адреналински парк во земјава во кој се и патеките за планински велосипедизам.
Елизабета Митреска
