Политика

Заев: Верувам во решение со техничката влада на Бугарија

03.06.2021 13:12

Верувам дека е можно решение со Бугарија со техничката влада. Она што работиме е да се запазат барањата на двете страни во рамки на Договорот за добрососедство, изјави денеска премиерот Заев...

Верувам дека е можно решение со Бугарија со техничката влада. Она што работиме е да се запазат барањата на двете страни во рамки на Договорот за добрососедство, изјави денеска премиерот Заев.

„Мене ми е важно да се охрабрат затоа што уставно имаат можност и за време на техничка влада да донесат одлука, тоа е тоа што го очекуваме. Секако треба да работиме, да ги убедиме двете страни да бидат спокојни во тоа што го поставуваме на маса“, рече Заев и додаде дека заложбите треба да продолжат во насока на уште подобра соработка меѓу двете земји.

Премиерот најави засилени контакти на сите нивоа со источниот сосед.