До смрт, брутално претепано 3 - годишно девојче

23.03.2014 15:41

Соседот до смрт го претепал три годишното девојче додека мајката била на работа. Не биле роднини, а живееле подеден покрив на улицата 172 .Осомничениот телефонски и јавил на мајката на девојчето, дека детето не е добро. Кога стигнала дома веќе било доцна, малото било облеано во крв, без знаци на живот.

Ја повикале Итната медицинска помош, која констатирала смрт. Имала внатрешно крваење и скршеници.

„Јавен обвинител нареди обдукција на телото, по извршентата обдукција е констатирана насилна смрт  идека девојчето починало по извршено претепување.  Од страна на МВР се превземени мерки, приведени се сите луѓе што ѓивеат во куќата на споментата адреса. Мајката на девојчето во критичниот момент била на работата додека таткото на починатата издржува затворска казна. Детето кое починало не било пријавено и евиднетирано во МВР а истотака и дел од луѓето кои живеат во куќата не се пријавени дека живеат во Македонија,“ изјави Марија Јаковлеска – портпарол на МВР

Кривична пријава за убиство заработи  34 годишниот сосед  и неговата сопруга која била соучесник . Тие живееле во истата куќа со три нивни деца, кои биле во соседната соба.Таткото на девојчето е на издржување казна затвор.

Во оваа куќа,  повеќе не се слуша детскиот џагор. До петокот во неа живееја 6 дечиња, едно од нив е убиено, а останатите се згрижени во социјални домови .

Соседите на обвинетите не сакаа пред камера да го коментираат случајот . Велат дека одамна не биле во добри односи и незнаеле што се случува во куќата .

Починатото девојче, но и другите во куќата не биле пријавени како жители на Македонија.