Во земјава има 659 неевидентирани лица
659 лица во Македонија не се евидентирани во Матичната книга на родени. 60 проценти од нив се деца под 18 години. Според извештајот на Нардониот правобранител, на 30-ти јуни истекува важноста на Законот за пријавување, а 70 проценти од нив не поднеле апликација до надлежните...

Немаат здравстевна книшка, не можат да одат на училиште, да се вработат, да стапат во брак, своите деца да ги запишат во матичната книга на родените. Луѓе фантоми, кои немаат единствен матичен број. Народниот правобранител предупредува дека вкупниот број на неевидентирани лица кои што се внесени во евиденција согласно Законот за неевидентирани лица во матичната книга на родени е 659 лица. Околу 70 проценти од нив сè уште немаат поднесено Барање за упис во матичната книга на родени, иако закононскиот рок истекува за еден месец. Омбудсманот бара пролонгирање на рокот за уште една година.
Од Канцеларијата на народниот правобранител велат дека Управата не располага со информација за деца чие што раѓање е после јавниот повик, а за кои исто така важи Законот за неевидентирани лица.
Минатиот месец почина матурантот Тони Сали, кој цела деценија водел битка со Управата за водење матични книги за добие матичен број и Извод на родени.
Според податоците на народниот правобранител 60 проценти од вкупниот број на неевидентирани лица во Македонија се деца под 18 години.
Наташа Јанчиќ Менковски
