Од 11-ти до 15-ти јуни нема да работи системот на МВР за прием и издавање лични документи
Граѓаните кои имаат закажано термин на 11-ти јуни треба да дојдат во просториите на МВР до 16 часот. Граѓаните кои имаат закажан термин за 14-ти, правото за поднесување барање за личен документ ќе можат да го остварат на 5-ти јуни, на исто место и во истото време како што имаат закажано. Граѓаните кои имаат закажан термин за 15 јуни треба да дојдат на 6-ти.
Министерството за внатрешни работи со важно соопштение до граѓаните. Поради надградба на системот за лични документи, од 16 часот во петок на 11-ти јуни до 15-ти јуни нема да биде во функција системот за прием и издавање лични документи во Скопје.
Граѓаните кои имаат закажано термин на 11-ти јуни треба да дојдат во просториите на МВР до 16 часот. Граѓаните кои имаат закажан термин за 14-ти, правото за поднесување барање за личен документ ќе можат да го остварат на 5-ти јуни, на исто место и во истото време како што имаат закажано. Граѓаните кои имаат закажан термин за 15 јуни треба да дојдат на 6-ти.
Оние со готови лични документи треба да ги подигнат или до 11-ти или од 16-ти месецов. Министерот Спасовски вели дека нема проблем со издавање лични документи, и ги повика граѓаните да бидат трпеливи.
