„Гласен текстилец“ бара повисоки глоби за работодавачите кои ги кршат работничките права
Здружението „Гласен текстилец“ ги поздравува измените на Законот за прекршоци и намалувањето на глобите за физичките лица, но остро реагира на намалувањето на глобите на компаниите и одговорните лица во нив. Бараат промени во законската легислатива во делот на глобите, кога се работи за прекршување на работничките права и скратување на роковите за постапување на инспекторите...

Неисплатени плати и придонеси со месеци, работниците пријавуваат кај Трудовиот инспекторат, од каде констатираат прекршок и се изрекува глоба за работодавачот, кој во рок од осум дена ја плаќа во преполовен износ. Понатаму работниците се упатени платите да си ги барат по судски пат, што е долга и скапа постапка, без гаранција дека ќе заврши во полза на работниците.
„Гласен текстилец“ бележи пораст на компаниите кои нередовно или нецелосно исплаќаат плати во периодот на пандемијата. Ниските глоби немаат ефект и се случува кај одредени компании доцнење на плати и повеќе од три месеци. Оттаму потребата од измени во Законот за прекршоци.
Законските измени „Гласен текстилец“ ги иницира бидејќи малите казни работодавачите ги плаќаат без проблем и продолжуваат со практиката на кршење на работничките права.
Славица Величковска
