Двојно поголема дневница за вработените во трговијата кои ќе работат во недела
Двојно поголема дневница ќе добијат вработените во трговијата кои ќе работат во недела- стои во новиот закон. Предлогот го прифатил и Економско- социјалниот совет. Породилното да трае 12 месеци, ковидот да се признае како професионално заболување, бара Синдикатот.

Вработените во трговијата кои ќе работат во недела да добијат 100 проценти поголема дневница, ова е предвидено со новиот предлог- закон. Од ресорното Министертство за труд и социјална политика појаснуваат дека за останатите дејности се предвидува минимум 50 проценти, со можност со колективниот договор тој процент да расте. Законското решение се очекува да се усвои годинава.
Од Сојузот на Синдикатите велат дека ова е прифатено и на Економско- социјалниот совет.
На средбата со Министерството за труд и социјала, синдикатот побарал трансформирање на работниот однос од определено во неопределено време, породилното отсуство да трае 12 месеци, Ковид- 19 да биде признаен како професионално заболување.
Од ССМ апелираат да се почитуваат законите. Информираат дека во последнава година речиси за 70 илјади пораснал бројот на работници со минимална плата.
Дијана Ценевска
