Без Дибиров...
Реваншот во Хамбург без левото убиствено крило за секој можен противник, Тимур Дибиров. По вчерашниот неспортски испад на германецот Хенс, кој со безобразен фаул сакаше да ја собре контрата на Дибиров, му нанесе повреда на левото око.

При контактот се случило прскање на крвен сад и крварење во предолот на предната комора, како и во задниот дел на окото.
Крварењето по извесно време синојќа престанало, по што супер крилото е пуштено на домашно лекување. Потребно е мирување од една недела, по што повторно ќе следат дополнителни испитување. Во секој случај и потоа ќе бидат потребни околу две до три недели, за да не се направи притисок и дојде по повторни проблеми.
Од клубот како велат пропуштањето на реванш дуелот со Хамбург е во втор план, најважна е здравствената состојба на вардаровата ѕвезда.
”Му посакуваме побрзо опоравување и враќање на терените во завршниот период од сезоната“-гласи изјавата на директорот на Вардар, Давор Стојаноски дадена за нивната интернет страна.
