Европа

Данска ќе депортира азиланти

03.06.2021 15:52

Данска усвои закон – ќе депортира баратели на азил во центри од партнерска држава надвор од Европа. Скандинавската земја ја заостри политиката кон доселениците...

Данскиот парламент усвои закон што ќе ѝ овозможи на земјата да депортира баратели на азил надвор од Европа. Оние што ќе доаѓаат во земјата ќе ги праќа во центри во партнерска држава, каде што нивните случаи одново ќе се преиспитуваат и таму  ќе можат да добијат заштита.

Данска преговара со неколку држави за ваков договор. Во последните години, скандинавската земја ја заостри политиката кон доселениците со цел да има нула барања за азил и да прифаќа бегалци само според системот на квоти на ОН.