Србија
Серија експлозии во фабриката за муниција „Слобода“ во Чачак
04.06.2021 10:06
Евакуирани биле работниците во ноќна смена, како и граѓаните кои живеат во близина на фабриката. Нема повредени во инцидентот.

Серија експлозии одекнаа рано изутрината во фабриката за муниција „Слобода“ во Чачак. Евакуирани биле работниците во ноќна смена, како и граѓаните кои живеат во близина на фабриката. Нема повредени во инцидентот.
Магацинот се наоѓа на околу 800 метри од влезната порта. Граѓаните во близина на фабриката беа евакуирани, некои ја поминаа ноќта во подрумот.
Сè уште се слушаат повремено детонации, но многу поретко и со помал интензитет. Медиумите од местото на настанот јавува дека ситуацијата се смирува.
