СЗО: Имунизацијата на децата не е приоритет
04.06.2021 09:41
Канада, САД и Европската унија неодамна одобрија неколку вакцини против Ковид-19 за деца на возраст од 12 до 15 години.

Според Светската здравствена организација вакцинацијата на деца не е приоритет, иако сè поголем број богати земји одобруваат вакцини против Ковид-19 за тинејџери и деца.
Канада, САД и Европската унија неодамна одобрија неколку вакцини против Ковид-19 за деца на возраст од 12 до 15 години.
Генералниот директор на СЗО претходно ги повика богатите земји да ги донираат своите вакцини на сиромашните, наместо да ги имунизираат адолесцентите и децата.
