„ТАВ“ ја доби концесијата за аеродромот „Милас“ во Бодрум

23.03.2014 16:30

„Милас“ поврзува значаен туристички центар со остатокот од светот и има проток на патници повисок од 3,5 милиони годишно...

Глобалниот бренд „ТАВ аеродроми“ под чија закрила се и македонските аеродроми „Александар Велики“ во Скопје и „Св. Апостол Павле“ во Охрид ја доби концесијата за раководење со аеродромот „Милас“ во Бодрум со поднесенa највисокa понуда од 717 милиони евра.

„Милас“ поврзува значаен туристички центар со остатокот од светот и има проток на патници повисок од 3,5 милиони годишно. Бодрум е кандидат да стане четвртиот најголем град во Турција до 2025 година а овој аеродром е 14-тиот во нашето портфолио.

Дел од нашиот бренд е и академијата „ТАВ“ која што ги обезбедува обуките со кои ги создаваме човечките ресурси потребни за раководење со аеродромите во нашата земја и во регионот. Ќе учествуваме во сите аеродромски проекти што се вклопуваат во нашиот бизнис-модел - изјави Шенер, првиот човек на „ТАВ аеродроми“.

Сместен во границите на областа Мугла, бодрумски „Милас“  се наоѓа меѓу Милас и Бодрум, и е еден од најфреквентните аеродроми во егејскиот регион на Турција кој почна да работи со меѓународен сообраќај во 1997 година. два важни града во античкиот каријски регион.