Музичарите на протест пред Владата
04.06.2021 12:50
Не се согласуваат со одлуката жива музика да има само на свадби, а не и во кафулиња и други локали. Бараат да се укине мерката.

Музичарите на протест пред владата, во знак на револт од новите правила за работа на угостителските објекти. Не се согласуваат со одлуката жива музика да има само на свадби, а не и во кафулиња и други локали. Бараат да се укине мерката.
Велат дека се дискриминирани оние музичари кои не свират свадби, а освен музичарите, погодени се и диџеите.
Од Независната угостителска комора бараат укинување на точките од протоколите со кои во објекти за исхрана и кафетерии е забрането организирање на музички настани со настап на музичари во отворен и затворен дел од објектот.
