Резервирани термините за свадби во хотелите во Охрид и Струга, се бара место повеќе
Започна сезоната на свадби. Во хотелите на брегот на Охридското езеро сите термини до крајот на септември се веќе резервирани. Недостигаат капацитети и термини за свадбени веселби.

Сите термини во хотелите во Охридско- стушкиот регион се веќе резервирани за свадбени веселби до крајот на септември. Протоколите кои ги донесе Комисијата, според ХОТАМ се спроведливи, единствена забелешка е ограничениот број на гости. Македонците и дијаспората имаат традиција да прават свадби со над 300 гости.
„Самите гости кои треба да прават свадби, организаторите им недостига што не може да ги повикаат сите гости нивни роднини и пријатели. Се недеваме дека понатаму и ова прашање ќе биде разгледано, нека почнат засега свадбите и нека се види дека тие не се извор на зараза“, вели Крсте Блажески, претседател на ХОТАМ.
Има недотиг на капацитети и термини бидејќи протоколот дозволува организирање на свадби само во отворениот дел од рестораните и хотелите.
„Свадбите ќе почнат, сега за прво време нема да се фатиме на оро да заиграме, но ќе дојде и тоа набрзо се надеваме. Бројките гледаме се во пад и се надеваме нема да има нови бранови барем во летната сезона“, вели Блажески.
Во Струга лани се склучиле 405 нови бракови. Македонската дијаспора закажаните термини за свадби од лани ги одложи за годинава. Во Охридско- струшкиот регион ова лето се очекува да се организираат околу 600 свадбени веселби.
Соња Рилковска
