Музичарите на протест, не се согласуваат со одлуката жива музика да има само на свадби
Музичарите на протест пред владата, во знак на револт од новите правила за работа на угостителските објекти. Не се согласуваат со одлуката жива музика да има само на свадби, а не и во кафулиња и други локали. Бараат да се укине мерката...

Со црна трака на рацете и музика со посмртен марш, дел од музичарите го изразија револтот од носењето на новите протоколи за угостителите. Бараат поништување на одлуката на Владата со која се дозволува музика на свадби, а не и во останатите угостителски објекти, ресторани, кафулиња и ноќни клубови.
Бараат одговор од Владата и Комисијата за заштита од заразни болести зошто оваа дејност не може да работи во услови на пандемија. Голем дел од семејствата се на работ на егзистенцијата, вели музичарот Апелгрин.
Поради пандемијата веќе 15 месеци над 1.500 музичари немаат настапи. Од Здружението „Музика сега“ велат доколку не се излезе во пресрет на барањата ќе продолжат со протестите.
Дијана Ценевска
