Политика

Заев верува во решение, опозицијата бара одговори

04.06.2021 14:43

Премиерот Заев не го губи оптимизот дека ќе се стигне до решение со Бугарија. Излез се бара во португалскиот предлог. ВМРО-ДПМНЕ инистира да се открие- дали бугарската декларација ќе стане составен дел од преговорите со Европската унија? Од СДСМ негираат дека има тајни преговори и побара опизицијата да не ги поткопува државните позиции...

Декларацијата изгласана во бугарскиот парламент не ја прифаќаме, на маса е предлогот кој го достави Португалија, вели премиерот Зоран Заев. Останува оптимист дека ќе се изнајде решение за спорот со Софија. Апелираше до соседот да даде зелено светло за европеизацијата на земјава и на Западен Балкан. „Неодговорно е од опозицијата да пишува Фејсбук статуси“, вели Заев, откако лидерот на ВМРО–ДПМНЕ Мицкоски обвини дека се водат тајни преговори на штета на државните интереси.

ВМРО- ДПМНЕ со повик Заев и Бучковски деновиве да обзнанат за што тајно преговараат во Софија. Од партијата се сомневаат дека Заев го ќе потпише анекс или друг облик на гаранција, што ќе значи прифаќање на анахроните позиции кои беа изгласани во декларацијата на бугарското собрание.

Од СДСМ негираат дека има тајни преговори и велат дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги поткопуваат државните позиции.

Самитот на Европската унија е на крајот на месецов. Останува неизвесно дали земјава ќе добие зелено светло за почеток на пристапните преговори и за одржување на првата меѓувладина конференција, или, ќе се чека друг термин.

Миле Ристески