Со сензор возило до побезбедни патишта
14.11.2013 15:04
Расте бројот на жртвите во сообраќајот

За првите девет месеци од годинава се регистрирани 139 настрадани наспроти 132 жртви во 2013. Во 90 насто од несреќите, причина е човечкиот фактор,односно неодговорното однесување на возачите.Сепак, и натаму црните сообраќајни точки во земјава предизвикуваат незгоди со смртни последици. Авто Мото Сојузот на Македонија ќе обезбеди сензор возило за утврдувањето на свиоците или патиштата на смртта во земјава по што ќе се изготви план на активности и проект за побезбедни патишта. АМСМ доби подршка од владата за проектот со што се одбележува Светскиот ден за сеќавање на жртвите во сообраќајните несреќи.
