Пуштени за сообраќај првите 23 километри од експресниот пат Штип- Радовиш
Пуштена е за сообраќај првата делница од експресниот пат Штип- Радовиш во должина од 23 километри. Се работи за дел од државната А4 рута, од Граничен премин Блаце, преку обиколница Скопје и автопатот Миладиновци - Штип, и на крај со овој експресен пат до соседна Бугарија...

Пандемијата не ги пролонгираше роковите за изградба на експресниот пат Штип- Радовиш. Делницата долга 23 километри од денес е во функција, а вториот дел од 40 километри ќе биде завршен до септември идната годинава. Со оваа делница жителите од истокот и југоистокот ќе патуваат побрзо и побезбедно.
Експресниот пат Штип- Радовиш е модерно решение во вкупната патна мрежа на државата и е пример како се гради квалитетно и навремено, согласно Европските стандарди за оваа категорија на патишта, истакна Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.
Инвестицијата чини 60 милиони евра, обезбедени од кредит од Европската банка за обнова и развој.
Премиерот Зоран Заев денес најави сериозни инвестиции во патната инфраструктура државата, во вредност од 1,6 милијарди евра.
Славица Величковска
