Кампања

Во фудбалот нема место за дискриминација

04.06.2021 16:32

Фудбалската федерација на Македонија преку кампања се вклучува во глобалната светска кампања на УЕФА и на ФИФА за борба против расизмот. Со Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, потпишаа Меморандум за промоција на еднаквоста...

Во фудбалот нема место за било каква дискриминација. Тоа е спорт кој зближува разни националности. Овој период, кога целото внимание на јавноста е насочено кон фудбалерите и нашиот настап на Европското првенство е одлична можност да се испрати силна порака за славење на различностите. ФФМ и Комисијата за спечување и заштита од дискриминација потпишаа Меморандум за промоција на еднаквоста.

„Фудбалот против дискриминацијата“ е кампања преку која праќаме силна порака за давање еднакви можности за сите. Целта е да направиме фудбалските стадиони да бидат места за уживање и за толерантност, рече претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини.

Фудбалската федерација на Македонија преку кампањата се вклучува во глобалната светска кампања на УЕФА и на ФИФА за борба против расизмот.

 

Александра Спировска