Македонија и Србија со заедничка кампања за безбеден сообраќај
„Вози одморен“ е слоганот на летната кампања за безбеден сообраќај. За првпат ќе биде реализирана од македонска и од српска страна. На граничните премини и автопатите, возачите ќе бидат советувани за почести одмарања. Кампањата е поддржана од македонското и српското министерство за внатрешни работи. Се очекувба да стартува на почетокот на јули...

Во пресрет на летната сезона, Македонија и Србија во заедничка кампања за безбеден сообраќај. Под слоганот „Вози одморен“ на граничните премини ќе се делат флаери со совети за почесто застанување. Долж автопатите во двете држави ќе има и пунктови со вода, каде возачите ќе може да здивнт и да се освежат.
Српскарта Агенција за безбедност во сообраќајот ваква кампања веќе реализира пет години по ред. Според нив, значително бил намален бројот на сообраќајни незгоди предизвикани од замор. Постои оптимизам од двете страни дека со заеднички напори ќе биде постигната целта на кампањата.
Идејата за кампања, велат доаѓа од алатрмантната статистика во земјите од Југоисточна Европа. Бројот на загинати и повредени во сообраќајни несреќи на 100.000 жители е поголем во однос на земјите членки на ЕУ.
Кампањата ќе стартува на почетокот на јули. Поддржана е од македонското и српското Министерство за внатрешни работи.
Наташа Гркова- Петрушевска
