Шилегов ќе ја бара довербата на скопјани за уште еден мандат
На претстојните локални избори планирам повторно да се кандидирам за градоначалник на Скопје и очекувам да победам, истакна денеска Шилегов во одговор на новинарско прашање околу негова нова кандидатура.

Актуелниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, изјави дека ќе ја бара довербата на скопјани за уште еден мандат. На претстојните локални избори планирам повторно да се кандидирам за градоначалник на Скопје и очекувам да победам, истакна денеска Шилегов во одговор на новинарско прашање околу негова нова кандидатура.
„Останувам на истата позиција и пред започнување на шпекулациите, впрочем утре ќе се расчистат тие шпекулации и ќе видите дека не станува збор за градоначалник“, потенцира Шилегов во врска со шпекулациите дека СДСМ и ДУИ договориле заеднички кандидат за градоначалник на главиот град.
