Апелација одлучи

Рашковски се враќа во куќен притвор

04.06.2021 18:57

Вишото јавно обвинтелство Скопје денеска предложи да се прифати понудената гаранција во висина од околу 500 илјади евра на Драги Рашковски за да излезе од притвор.

Апелационен суд Скопје денеска донесе одлука поранешниот ген-сек на Владата, Рашковски да се врати во куќен притвор. Од Апелација информираат дека оваа одлука е испратена до Основниот кривичен суд во Скопје и се очекува мерката да биде спроведена.

Вишото јавно обвинтелство Скопје денеска предложи да се прифати понудената гаранција во висина од околу 500 илјади евра на Драги Рашковски за да излезе од притвор.

„Ве известуваме дека Вишото јавно обвинителство Скопје, по предметот оформен по поднесена Жалба на обвинетиот Д.Р. со понудена гаранција, до Апелацискиот суд Скопје согласно законските надлежности достави писмен предлог со кој му се предлага на Судот да ја уважи жалбата на обвинетиот, да ја прифати понудената гаранција во висина од 30.686.215.00 денари и да ја замени мерката притвор со понудената гаранција“, информира претходно од  ЈОРСМ.

Против поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски во моментов се водат две истраги, кои се однесуваат на спроведени тендери за набавка и за одржување на софтвер за сообраќајни прекршоци.