И Франција со сателитски снимки за „боингот“
23.03.2014 17:41
Повторно се појавија нови сателитски снимки од Франција на коишто е забележан некаков остаток којшто би можел да биде дел од исчезнатиот малезиски боинг.

Ова е трета снимка којашто би можела да биде релевантен траг за исчезнатото летало. Претходно беше објавено дека кинески сателит снимил објект долг 22 метра, а широк 13. Во меѓувреме, осигурителните компании исплатија 80 милиони евра отштета за исчезнатиот авион.
