Евроинтеграции

Заев очекува „да“ на 22-ри јуни

06.06.2021 16:59

„Пред нас е важен период и верувам дека можеме да извлечеме максимум“. Премиерот Заев не губи надеж дека ќе се крене рампата на нашиот евроинтегративен пат. Очекува на јунскиот самит да добиеме зелено светло за одржување на првата меѓувладина конференција. Дотогаш, ќе се интензивираат контактите со Софија. Опозицијата, пак, се сомнева дека на маса е бугарската декларација.

„Пред нас е мегдан и значен период кој можеме максимално да го искористиме“, оцени премиерот Заев пред клучните денови за македонската европска интеграција. Шефот на владата најави серија состаноци и средби со челниците од Европската унија и НАТО, но и со функционери од источнито сосед за да се крене рампата од Софија.

Како можност го спомена самитот во Анталија на 17-ти јуни и претходно самитот на НАТО во Брисел на 14-ти. Целта е добивање гласно „да“ за одржување на првата меѓувладина конференција и почеток на пристапните преговори. Премиерот не ја исклучи можноста до 22-ри јуни, кога е самитот на ЕУ со Бугарија да се одржи и меѓувладината конференција на која ќе се утврди договорената соработка меѓу министерствата за надворешни работи.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ се сомнева дека на маса е бугарската декларација која ги негира македонскиот идентитет, историја и јазик. Од партијата велат дека народот треба да биде внимателен и да следи што се случува.

Премиерот Заев обелодени и дел од она што го разговарал на работната вечер со турскиот претседател Ердоган. Рече дека се договорени најмалку 10 турски инвестиции во преработувачката индустрија по должина на Коридорот 10, а разговарале и за партнерството во НАТО.

Миле Ристески