Во вторник ќе се дознаат деталите од истрагата за увозот на нафтени деривати

06.06.2021 16:28

Македонската јавност во вторник ќе ги дознае деталите од истрагата за увозот на нафтени деривати, најави вицепремиерот за борба против криминалот и корупцијата. Направени се контроли кај сите фирми кои внесуваат мазут, тврди Николоски. Тој денеска се пофали со зголемена транспарентност на Владата, повикувајќи се на извештајот на Центарот за граѓански комуникации...

За 18 проценти е зголемена активната транспарентност на општините, министерствата и Владата од 2016-та досега, коментира вицепремиерот Љупчо Николовски по објавениот извештај на Центарот за граѓански комуникации.

Тој не се согласува со обвинувањата од опозицијата за коруптивно владеење, туку вели дека за разлика од порано кога имало расипништво, сега има отченост и транспатентност. Времените вработувања сѐ уште се проблем, но Николовски уверува дека ќе бидат имплементирани препораките на Антикорупциската комисија.

Вицепремиерот николовски вели дека трошењата се драстично намалени и дека секој налог мора јавно да се објави на страната на Министерството за финансии.

 

Марија Котовска