Седум починати, нови 10 случаи со Ковид-19
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.417, бројката на оздравени пациенти е 149.292, на починати е 5.455, а бројот на активни случаи изнесува 670.

Во последните 24 часа се направени 2.825 тестирања, а регистрирани се 10 нови случаи на Ковид-19 од: Скопје – 5, Прилеп и Виница – по 2, Куманово – 1.
Регистрирани се 332 оздравени пациенти, а пријавени се вкупно 7 починати лица: по едно лице од Куманово (69г), Прилеп (78г), Тетово (77г), Гостивар (77г), Кочани (80г), Штип (69г) и Струмица (52г). Од пријавените, три лица се починати во домашни, а останатите 4 во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.417, бројката на оздравени пациенти е 149.292, на починати е 5.455, а бројот на активни случаи изнесува 670.
Досега во земјата се направени вкупно 814.518 тестирања на Ковид-19.
