Наместо казна - едукативен час за моторџиите од Велес

23.03.2014 18:06

Наместо казна, едукација за сите моторџии од Велес кои управуваа мотор без заштитен шлем. Едукативна акција на СВР Велес и мото клубот „Носачи на крстот“. Целта е да се зголеми безбедноста на моторџиите учесници во сообраќајот. Статистички, минататат година во велесшко, дневно се случувала по една сообраќајна несреќа,седумедест проценти од несреќите биле во градот - тука значително е учеството на моторџиите.

Наместо казна, опомена и едукативен час, ова го добија сите моторџии од Велес кои денеска ги управуваа своите мотори без заштитен шлем. Знаат дека носењето  на заштита може и животот да им го спаси , но денеска  возеа без истата.

„Сега излегувам па ако ја ставам кацигата косата многу лошо изгледа...Под седиштето имам мантил а кацига има ама не ја носам...“ велат анкетираните моторџии.

Според бројот на жители и регистрирани мотори,  Велес е најмоторџиски град во Македонија Тоа пак придонесува  во голем процент од сообраќајните несреки учесници да се токму управувачите на мопед и моторцикл.

„Нашето работење на терен и овие превентивни акции мислам дека сепак возачите ќе ги предупредат мноигу повеќе и ќе помогнат да сватат дека брзото возење и возењето без кацига и возењето и разговарањето на телефот се опасни ситуации“, рече  Тодор Атанасов  СВР Велес.

Иницијатор за  денешната превентивната полициска акција е  мото клубот „Носачи на крстот“. Целта  им била да се зголеми безбедноста на моторџиите- учесници во сообраќајот.

Статистички гледано бројот на сообраќајни несреќи во Велес се зголемува. Минатата година се случиле 366 од нив 70 проценти биле во  градот

Дијана Иванова