Собраниските комисии ќе расправаат за избор на уставни судии, кризната состојба, евроинтеграциите

07.06.2021 09:24

Во Собранието ќе заседава и Националниот совет за евроинтеграции, кој пак, треба да расправа за перспективите за европската интеграција на државата во пресрет на јунскиот самит на Европскиот совет.

Утврдување  предлог за избор на уставни судии е на дневен ред на денешната седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањето, а пред Комисијата за одбрана и безбедност е Предлог одлуката на Владата за продолжување на рокот за постоење кризна состојба до крајот на годинава. Во Собранието ќе заседава и Националниот совет за евроинтеграции, кој пак, треба да расправа за перспективите за европската интеграција на државата во пресрет на јунскиот самит на Европскиот совет.

Најавена е и седница на Законодавно-правната комисија, која, меѓу останатото, треба да одлучува по Предлог законот за прогласување на дел од Шар Планина за национален парк, во второ читање, предлог законите за изменување на Законот за поштенските услуги, на законот за постапување со бесправно изградени објкети, на Законот за сигурност во железничкиот систем, сите во второ читање.