Европа

Неделава ЕП гласа за укинување на патентите за вакцините против Ковид-19

07.06.2021 10:26

Утре ќе донесат одлука за воведување на дигиталните зелени потврди кои ќе почнат да се користат од први јули.

Европскиот парламент неделава ќе гласа за предлогот за укинување на патентите за вакцините против Ковид-19. Утре ќе донесат одлука за воведување на дигиталните зелени потврди кои ќе почнат да се користат од први јули.

Неделнава агенда опфаќа и расправа за владеењето на правото, распределбата на буџетот, и гласање за резолуција за Белорусија.