Свет
САД: Се разгледува и воен одговор на кибернетичките напади
07.06.2021 10:46
Кабинетот на претседателот Џо Бајден не исклучува ни воен одговор. За оваа тема ќе се дискутира и на самитот во Швајцарија каде што тој ќе се сретне со рускиот лидер Владимир Путин.

Американската администрација ќе ги зголеми отпорот и притисокот врз хакерите од странските земји. Кабинетот на претседателот Џо Бајден не исклучува ни воен одговор. За оваа тема ќе се дискутира и на самитот во Швајцарија каде што тој ќе се сретне со рускиот лидер Владимир Путин.
Американската министерка за енергетика Џенифер Гранхолм изјави дека непријателите на нејзината држава имале капацитет да ја урнат целата енергетска мрежа и потврди дека веќе биле извршени илјадници вакви напади во секторот.
