Фудбал

Шкендија го надигра Вардар

23.03.2014 19:47

Вардар некомплетен, во отсуство на неколкумина клучни играчи со повреди постојано имаше подредена улога во натпреварот...

Вардар го забави чекорот  во неизвесната трка за шампионската титула. Шкендија и се радува на „злтаната победа“ со 2:1, со која  засега ја напушта позицијата на табелата, која што води во Втората лига. Фудбалерите од Тетово го заслужија успехот. Од почетокот на 26-то меѓусебно соочување влегоа во отворено надигрување со фаворизираниот Вардар. Во 23-та минута Шкендија поведе со голот-првенец на  Бугаринот Јордан Милиев, засилувањето  од зимскиот преоден рок.

Вардар некомплетен, во отсуство на неколкумина клучни играчи со повреди постојано имаше подредена улога во натпреварот. Го искористи еден од ретките пропусти на одбраната на Шкендија во 69-та минута со голот на Петров да го израмни резултатот. Но, кусо траеше резултатаска нивелација. Во 73-та минута Бразилецот Жуниор реализира за конечни 2:1. Вардар прв пат е поразен на домашен терен во тековното  првенство. Шкендија  после  три години одново слави во Скопје против „Вардарците“.

Во преостанатите натпревари од 23 коло се постигнати следниве резултати:

Пелистер- Македонија ЃП 2:1

Металург- Напредок 2:0

Хоризонт- Еуромилк 2:0

Ренова-Гостивар 0:1

Вчера:Работнички-Брегалница 4:0

 

Табела:

1.Хоризонт           41

2.Работнички       41

3.Пелистер           41

4.Вардар               38

5.Металург           37

6.Ренова               31

7.Еуромилк          30

8.Шкендија          30

9.Брегалница       29

10.Македонија ЃП  22

11.Напредок         14

12.Гостивар          14