„Козле“ не е веќе ковид- центар
Детската болница „Колзе“ во Скопје веќе не е ковид- центар. Нема пацинети позитивни на коронавирус. Амбулантите работат со пацинети закажани преку Мој термин и со приоритетен упат. За 24 часа има и по 100 прегдели на деца со алергии и респираторни проблеми.

Сезонски алергии и проблеми со дишните патишта е најчестата симптоматологија со која децата се јавуваат на преглед во амбулантите во болницата „Козле“ која од неодамна почна со редовна работа. Пацинети се закажани преку „Мој термин“ или се со приоритетен упат. Директорот на болницата вели дека за едно деноноќие понекогаш имаат и до 100 прегледи.
Поголем број од најмалите пацинети добиваат терпаија и заминуваат на домашно лекување. Во моментот триесетина деца се на болничко лекување. Нема хоспитализрано деца со пост-ковид синдром. Црвената зона во болницата сѐ уште постои.
Децата и мајките се тестираат пред да бидат хоспитализирани. Засега нема деца позитивни на корона вирус.
За да останат ковид центрите празни, ќе треба ли да се вакцинираат децата од 12 до 18 години против ковид – 19? Засега лекарски асоцијации немаат изграден став, вели првиот човек на болницата „Козле“. Во Америка, Канада, Италија и Израел се врши вакцинирање на деца исклучиво со вакцини на „Фајзер“.
Во првиот и во вториот бран на пандемијата бројот на заболени деца беше околу осум проценти. Во последниот пролетен, 30 проценти од вкупниот број заболени беа деца.
Наташа Јанчиќ Менковски
