Собрание

Димитров: Познати се нашита црвени линии, сега е на ЕУ да испорача

07.06.2021 14:48

Влогот на Европската унија е голем и Брисел е свесен дека од нашето почнување на преговори на јунскиот самит на Европскиот совет зависи и кредибилтетот на унијата на Западниот Балкан, изјави вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров на седница на Националниот совет за евроинтеграции во Собранието. Димитров укажа дека се познати нашите црвени линии и сега е на ЕУ да испорача.

На првата седница на Националниот совет за евроинтеграции, се разгледуваше ситуацијата со престојниот јунски совет на ЕУ каде што се очекува конечно земјава да почне преговори со унијата. Вицепремиерот за европски прашања Димитров со умерен оптимизам дека унијата е свесна за влогот што го има околу проширувањето, од што зависи и кредибилитетот на ЕУ во регионот. Димитров повтори дека во разговорите со Бугарија за остранување на ветото, се познати нашите црвени линии за идентитетските прашања.

Членовите на сСоветот од власта и опозицијата се согласни дека заедно треба да се работи на европската агенда реформи за приближување кон ЕУ, но искажаа сомнежи околу разговорите со Софија.

Националниот совет за евроинтеграции оцени дека во работата треба да се вклучат и бизнис заедницата, локалната самоуправа и граѓанскиот сектор, за да се подготви широк фронт на активности што ќе придонесат за усвојување на европските стандарди во државата.

 

Ирина Гелевска