Политика

ВМРО-ДПМНЕ најави протести ако власта не го објави патоказот

07.06.2021 14:47

На брифингот лидерот на партијата изразил сомневање дека власта во процесот на преговори за надминување на ветото на Софија...

ВМРО- ДПМНЕ од утре најавува протести ако власта јавно не соопшти за што преговара со Бугарија и какви остапки се нудат. Опозициската партија бара да биде објавен таканаречениот „Патоказ кон Софија“.

На брифингот лидерот на партијата изразил сомневање дека власта во процесот на преговори за надминување на ветото на Софија за одржување на меѓувладината конфенернција се подготвува прашањата за идентитетот, јазикот и историјата да станат дел од поглавјата на Унијата.