Здравство

Инфективното одделение во Прилеп по година и половина со „обични“ проблеми

07.06.2021 15:11

Прилепското инфективно како и сите ковид-оддели во болницата, по година и половина, е без хоспитализирани ковид- пациенти. Има само тројца во модуларната. Им даваат дневна терапија, ама главно се занимаваат со вообичаените специјалистички проблеми. Вирусот не е исчезнат, ама според инфектолозите, нема таква силина како досега. Решението останува во вакцинацијата...

Триесетчлениот медицински персонал, со четворицата инфектолози во прилепското Инфективно одделение по година и половина здивнува. Нема хоспитализирани ковид- пациенти, тројцата се во модуларната болница. Необично е, велат, што се враќаат на вообичаените инфективни летни проблеми. Дури може да користат по некој ден одмор.

Нема да го заборават најтешкото, беспомошноста кога се губи пациент. Сега, чуството е помалку нестварно.

Инфектологот Крстеска смета дека нема да ни се повтори силен бран, за мутирањата на вирусот населението има одреден имунитет за поблаги прележувања. Решението останува во вакцинацијата.

Здравствениот сектор е охрабрен, но останува внимателен што е препорака во ова летно опуштено време.

Елизабета Митреска