11 милиони денари субвенции за плински уред во возила
Имињата на компаниите кај кои се утврдени неправилности при увозот со мазут ќе бидат јавно обајвени – уверува министерот Бектеши. Најдоцна до среда ќе бидат соопштени и наодите од анализите. Објавен јавниот повик за вградување на плински уреди во возила...

Субвенции до 50 проценти, но не повеќе од 18 илјади денари ќе добијат граѓаните кои ќе аплицираат за вградување плински уред во возилата. Од Министерството за економија велат дека за ова се обезбедени 11 милиони денари. Оттаму информираат дека разгледува и можноста за намалување на ДДВ кај увозот на електрични и хибридни возила.
Бектеши најави дека до среда ќе се објавени резултатите од испитувањата на мазутот и горивата кои се увезуваат во земјава. Анализите кај дел од запрените цистерни на граница покажале поголем процент на вода и пепел. Отстапувања биле утврдени и кај нафтените деривати во скалдишта.
Државниот пазарен инспекторат доставил информација до Регулаторната комисија која ќе треба да одлучи дали ќе има прекршочни казни или ќе се одземаат лиценците.
Дијана Ценевска
